Филипче: Да не се наседнува на лажни вести и да не се креира паника

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава информираше за новата ситуација околу коронавирусот. Тој уште еднаш упати апел да не се патува во северна Италија, и да не се наседнува на лажни вести, а до медиумите и до другите лица да не шират паника по социјалните мрежи.

„Уште еднаш апелираме да не се патува во Италија, особено во северниот дел без некоја посебна потреба. На седницата на Влада ќе разговараме за откажување на сите патувања во оваа област.

Исто така апелирам граѓаните да не наседнуваат на лажни вести, да не се креира паника по социјалните медиуми. Доколку некој забележи некакви симптоми, да не се шета по клиники, туку да се јави во центарот за јавно здравје, и ќе му се дадат совети што треба да прави, и ќе дојдат здравствените работници кај него“, рече Филипче.