Филипче: Чекаме став од Атина за тоа како ќе се минуваат границите

НАШ ПРЕДЛОГ

Мицкоски: Дали некој ги прашал ОБСЕ и ОДИХР дали се спремни за избори на 5-ти јули?

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи избори само доколку се легитимни, односно би биле мониторирани од ОБСЕ и ОДИХР, вака...

„Ние немаме втор бран, туку од првиот не сме излегле – народот ги почитуваше мерките“, рече Мицкоски

Христијан Мицкоски смета дека во Македонија не постои втор бран на коронавирусот, туку ова е втор пик...

„Народот е мудар, се покажа тоа неколкупати досега, кога-тогаш ќе си дојде по своето“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клик Плус на ТВ21 вели дека народот е мудар и дека...
- Реклама -

Со грчкиот колега разговаравме за неколку опции што треба да ги дефинираме за отворање на границите. Денеска официјално го испративме писмото, врз основа на заклучоците од нашиот состанок, во кое чекаме грчкиот колега повратно да ни одговори на дефинитивниот став за тоа како ќе се минуваат границите, односно дали тоа ќе може да биде без тестови, потоа за начинот како ќе се скрати времето на чекање на самите гранични премини, да се избегнат големите гужви што сметаме дека е ризик и за опцијата да се пружи бесплатно лекување на сите заболени од неколку околни земји, заради тоа што тој документ потоа сакаме да го дадеме и на други соседни земји ако некој заболи од коронавирусот.

Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога ќе се оворат границите.

- Реклама -

Прашан за тоа како го коментира зголемувањето на процентот на заболени во последнава недела кога во однос на бројот на тестирања во просек имаме 10 проценти заболени, Филипче нагласи дека  кога се носат одлуки за попуштање на мерките не се земат предвид само вкупниот број позитивни од направените тестови, туку и голем број други фактори.

– Тоа се седум/осум фактори, не е само процентот на новодијагностицирани пациенти и процентот на бројот на пациенти во болниците, бројот на слободни болнички кревети, бројот на слободни респираторни машини, бројот на пациенти на респираторна машина, бројот на пациенти во тешка клиничка слика, процентот од пациентите за кои знаеме кое е потеклото на болеста, односно како се заразиле и секако Р0 факторот. Бројни фактори што ги евалуира и СЗО. Тоа што ни укажува дека и покрај тој зголемен број новодијагностицирани, епидемијата ја имаме под контрола е што многу други параметри во многу други градови опаѓаат и вкупен број на заболени итн. Во таа смисла тоа се повеќе фактори кои се евалуираат и врз основа на кои се носат такви одлуки дали некои мерки ќе се попуштат, а ние согласно тоа го направивме и планот за попуштање на мерките по соодветните протоколи, рече Филипче.

Во документот кој беше побаран од претседателот Пендаровски, вели Филипче, апсолутно стои дека треба да се избегнуваат големи собири и дека мора какви и да се тие собири да се придржуваат до правилата кои и сега важат.

– Во овој момент има важечки уредби за носењето маски и за одржувањето на дистанцата, така да апсолутно препорака на Комисијата за заразни болести е големи настани и собири да не се одржуваат и тоа е јасно ставено во тој документ, додаде Филипче.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Ние немаме втор бран, туку од првиот не сме излегле – народот ги почитуваше мерките“, рече Мицкоски

Христијан Мицкоски смета дека во Македонија не постои втор бран на коронавирусот, туку ова е втор пик на првиот бран.

„Народот е мудар, се покажа тоа неколкупати досега, кога-тогаш ќе си дојде по своето“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клик Плус на ТВ21 вели дека народот е мудар и дека дава поддршка, но потоа доколку...

Мицкоски: Нашите соседи имаат нула, ние имаме троцифрен број на новозаразени, ова се докажа дека не може да не извадат на прав пат

Со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дебатиравме на темата за коронавирусот. Мицкоски рече дека за разлика од нашите соседи кои имаат бројки...

„Ова што им се прави на граѓаните не го прифаќаме, ние имавме ист став за Велигден, Рамазан Бајрам и за Духовден – рече Мицкоски

„Ние имавме ист став и за Велигден, и за Рамазан Бајрам и за Духовден. Сметаме дека она што им се прави на...