Филипче: Бројката на заразени е 35, во моментов се тестираат 30 лица, повеќето од Дебар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Венко Филипче денеска ја одржа првата прес-конференција на која информираше за новата ситуација околу коронавирусот во нашата земја.

„До сега 35 е бројката на лица кои имаат коронавирус, доцна синоќа беа обработени уште четири лица и сите се позитивни. Сите новодијстигноцирани се со лесна клиничка слика. Стабилна е ситуацијата на сите кои се во инфективната клиника, како и оние во болницата до Дебар.

Во моментов се тестираат 30 лица, едно од куманово, 2 од Скопје, и останатите се од Дебар и околината. Станува збор за лица кои немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со некои од заболените.

Авионот по кој слета од Брисел, се постави индикација за 12 лица. Сите тестови се негативни, и сите патници се пуштени дома во задолжителна самоизолација.

Вчера преку Деве Баир стигна група од 10 лица, тие веднаш се сместени во Пепелиште, и во текот на вечерта и сега утрово се прегледани од епидемиолог, и согласно одлуката, поради тоа што е можно да пристигнат повеќе, ќе бидат префрлени во Демир Капија во заводот. Имаше реакции дека условите биле лоши, дека не се соодветни, затоа веднаш превземавме мерки за префрлување, се надевам дека ќе имаат разбирање за индикација на оваа мерка“, рече Венко Филипче.