Фетаи: На глобално ниво брзината на интернетот бележи пад, насочени сме кон зачувување на квалитетот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професорот Беким Фетаи во „EU click“ на ТВ21 истакна дека секој студент мора да поседува телефон со интернет брз барем 10 мегабити во секунда, со цел да може да се спроведе тестирањето.

„Во последно време на глобално ниво брзината на интернетот бележи пад, што претставува дополнителен предизвик кој не дозволува тестирањето да се спроведе квалитетно. Насочени сме кон зачувување на квалитетот, а по првите колоквиуми ќе видиме какви се достигнувањата“, посочи Фетаи.