Фелипе се врати во Вардар

Бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе Рибеиро, одново ќе го носи дресот на Вардар. По десетина месеци минати во таборот на Каират од Казахастан, фудбалерот од средниот ред повторно е во редовите на „црвено-црните“. Фелипе потпиша договор до крајот на сезоната.

„Иако десетина месеци не бев дел од Вардар, се чувствувам како никогаш да не сум заминал.  Ова е мојот дом, го сакам клубот, ги сакам навивачите „Комити“ од кои верувам дека ќе ја имаме поддршката на секој натпревар. Се враќам во добро позната средина. Гледам дека се сменија некои работи од минатата година до сега, сепак, добро се познавам со дел од играчите. Верувам дека повторно одлично ќе соработуваме, и се надевам на добри игри“, рече Фелипе.

Денеска Вардар соопшти дека потпиша професионални договори со двајца млади играчи. Станува збор за Џемаил Ибиши и Бојан Димоски. Двајцата потпишаа договори на три години.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!