„Фејсбук“ во првите 24 часа отстрани 1,5 милиони видеа од терористичкиот напад во Нов Зеланд

Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ во првите 24 часа отстрани 1,5 милиони примероци од нападот во Нов Зеланд кои ги објавиле корисниците, објави компанијата во неделата на „Твитер“.

Од „Фејсбук“ исто така истакнаа дека ги отстраниле сите верзии на оригиналната снимка кои немаат во себе вознемирувачка содржина. Друштвената мрежа има над два милијарди корисници.

Терористот кој го изврши нападот, правеше видео во живо од пукањето, кое беше објавено речиси во сите медиуми низ Светот.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!