ЕУ: Изборот на гласачите во Србија беше ограничен поради владејачката партија

НАШ ПРЕДЛОГ

Нова видео снимка од катастрофата во Бејрут – граѓаните гледале час, а потоа следувала јака експлозија

Нова снимка која го покажува страшниот момент на експлозијата во Бејрут се појави на интернет.

Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски...

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два...

Европската Унија се огласи за парламентарните избори во Србија попладнево, по извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, и истакнува дека за напредок кон ЕУ е потребен широк политички дијалог, јавува дописничката на МИА од Брисел.

- Реклама -

Вчерашните парламентарни избори во Србија се одржаа без учество на опозициските партии кои поради тоа нема да бидат дел од новиот законодавен дом. И покрај силните критики на граѓанското општество во Србија и на дел од европската јавност Европската Унија го прифати исходот на овие избори, иако е свесна за пропустите во процесот.

- Реклама -

-И покрај тоа што учесници во парламентарните избори во Србија имаа можност да водат кампања и темелните вредности се почитуваа, изборот на гласачите беше ограничен поради огромната предност на владејачката партија и промоцијата на владините политики од страна на повеќето главни медиумски куќи, стои во заедничката реакција на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

- Реклама -

Реакцијата на ЕУ се заснова врз извештајот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која поради пандемијата со коронавирусот имаше помалку надлежности отколку во нормални услови. Мисијата треба во наредните недели да објави комплетен извештај.

Дотогаш Европската Унија очекува од властите во Белград да се посветат на “инклузивен“ политички дијалог со сите политички чинители и институции за да се коригираат изборните слабости, кои се одамна предмет на критика.

-Го охрабруваме новиот парламент да продолжи да се посвети на меѓупартискиот дијалог предводен од Европскиот Парламент, со цел градење на широк меѓупартиски консензус за реформите поврзани со ЕУ, кои се витални за напредокот на земјата на европскиот пат. Го охрабруваме српското лидерство да се ангажира во искрен дијалог со целиот политичкиот спектар за да се напредува во реформите поврзани за владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, стои во ставот на Европската Унија.

Попладнево европските социјалдемократи во Европскиот Парламент побараа од Европската Комисија да не отвора нови преговарачки поглавја со Белград додека не биде реализиран напредок во овие клучни области.

Европската Комисија одговори дека очекува од новата влада во Србија да се посвети на реформите за членство во ЕУ.

-Ова посебно се однесува на владеењето на правото кое е во срцето на пристапниот процес и треба да биде на врвот на политичките приоритети на идната влада, како и социоекономските реформи, клучно за периодот пост-Ковид19, вели ЕУ.

Од Србија се очекува и посветеност кон дијалогот со Косово.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било...

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица...

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут,...

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани...