Емотивно збогување со кошарката на Наваро

Шпанскиот репрезентативен кошаркар и долго време член на Барселона Хуан Карлос Наваро, денеска и официјално се збогуваше од кошарката. Наваро остави траен белег во шпанскиот национален тим со кој дојде до две злата на Европските првенства, две сребра и исто толку бронзи. Има и злато од светскиот шампионат во Јапонија 2006 година, а освои две сребра и една бронза на ОИ.

Неговите бројки на клупски план се импресивни. Тој со пауза од само една сезона, цели 21 година го носеше дресот на Барселона. Една година се „проба“ и во НБА Лигата, меѓутоа после 12 месеци веднаш се врати на својата прва и последна „љубов“.
Тој низ солзи ги поздрави своите досегашни соиграчи, но истакна дека ќе остане во кошарката во друга улога.

„Чудно е кога ќе оставите нешто кое што сте го правеле толку долго. Ова мораше да се случи некогаш, дали порано или подоцна не е важно. Сега е време да помогнам на еден поинаков начин“, истакна на збогувањето 38-годишниот кошаркар.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!