Елмас постигна гол на дербито против Галатасарај (ВИДЕО)

Денеска во Истанбул се играше големото дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, во кое што македонскиот репрезентативец Елиф Елмас успеа да се запише во листата на стрелците и да донесе „реми“.

Фенербахче имаше негатива, згора на тоа и играч помалку на теренот. Меѓутоа во 71. минута после прекрасна акција, Елмас се запиша во листата на стрелците и донесе бод за својата екипа.