Експлозија на плинска боца во Романовце – три деца загинаа, четири лица тешко повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите на село Романовце кумановско, се разбудија од вревата на силна експлозија.

Во куќата на семејството Алими во 10 часот наутро експлодирала плинска боца. Животот го загубија 3 деца од 8,9 и 11 години . Седум члена на семејството се пренесени во Клиниката во Скопје.

Соседите на семејството Алими, колку што можат се обидуваат да му  излезат во пресрет  на ова семејство. Додека целото семејство е во болница, соседите ја чистат куќата. На местото на настанот беше и зм.министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Во тешка здравствена состојба се и четири члена на семејството, од вкупно 7 повредени. Меѓу нив е и 20 годишна бремена жена, но таа е надвор од животна опасност. Тие се хоспитализирани во одделението за хируршка интервенција во Скопје и во Градска болница „св. Наум Охридски“. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се преземаат сите потребни мерки.

Роднините и соседите на повредените, велат дека станува збор за тешка трагедија. Претседателот на локалната заедница, апелираше до сите жители да бидат внимателни при користењето на плинските боци.