Екс вработена во МВР се фотографирала полугола – покрената дисциплинска постапка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Низ социјалните мрежи кружи фотографија од девојка – вработена во Министерството за внатрешни работи која се фотографирала полугола во полициска униформа и ваквата фотографија ја објавила на социјалните мрежи.

Имено, се работи за полициската службеничка В.Г. која што била вработена во министерството пред 11 години, односно во јануари 2009, а против неа сега е покрената дисциплинска постапка.

За ваквото однесување во минатото беа казнувани повеќе вработени бидејќи според внатрешната контрола овде е прекршен етничкиот кодекс на задолжително однесување кој што мора да се почитува од вработените во министерството.