ЕК предлага следната недела да се отворат границите на ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Европска комисија денеска презентираше дополнителни препораки за отворање на граници следната недела. Границите на Европска Унија беа затворени кон средината на март како мерка против пандемијата со Ковид-19.

ЕК препорачува внатрешните граници на ЕУ да бидат отворени до 15 јуни и надворешните граници на Европа да останат затворени за патувања до крајот на месецот.

Според ЕК за сега не е можно целосно да се отворат надворешните граници поради различната епидемиолошка состојба во светот.

ЕК предлага да се утврди заедничка листа на „безбедни“ земји, заснована врз јасни индикатори и податоци од Светската здравствена организација.