Еднакви и без разлики – маратон за децата со Даунов синдром

Сите среќни се поредија за стартот на маратонот. Некој прв, а некој последен, денеска сите се чувствуваа еднакви. Градскиот парк каде се одржа оваа активност им овозможи на овие деца да почувствуваат дека и тие живеат меѓу нас. Тие се забавуваа и се потрудија да го дадат својот максимум за да покажат дека и тие можат.

По маратонот децата се качија на сцената за да добијат медали за учество. Среќни ги кренаа рацете и се заблагодарија на присутните. Оваа манифестација за прв пат доби поддршка од Град Скопје. Собраните средства оваа година ќе се употребат за опремување на првиот дневен центар за рехабилитација на децата со Даунов синдром.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ