Единствена Македонија: МВР да го расветли и следењето на Јанко Бачев

Единствена Македонија бара од МВР да ги открие лицата кои ги следат политичките неистомисленици, односно да го расветли следењето на нивниот претседател Јанко Бачев.

„Единствена Македонија очекува од МВР да ги открие лицата кои вршат тајно следење на политичките неистомисленици за партиски потреби, а по вчерашната информација на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски дека бил следен од параполицикси структури на одредена партија.

МВР во разоткривањето на параполициските структури за следење е во законска обврска да нема селективен пристап. Бараме и очекуваме покрај за Стево Пендаровски, МВР да го расветли и следењето на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев за кого излезе документ за негово следење насловен како „Анализа за влијанието на Јанко Бачев и Единствена Македонија врз члеството на ВМРО-ДПМНЕ на терен“ а во документот стои дека е предаден лично на рака на лидерот на една политичка партија.

За Единствена Македонија нема дилема. Во државата не смее никој да биде следен за политичко-партиски потреби било од државната тајна полиција или пак од некакви параполициски структури во партиите“, велат од Единствена Македонија.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!