Единствена Македонија до Мицковски: Еве ви кандидат за претседател со кој сплотени ќе го победиме злото наречено Зоран Заев

„Единствена Македонија како дел од „Македонија-Блокира„ ја поздравува и целосно ја подржува кандидатурата на Филип Петровски за претседател на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ што треба да се одржи на 16 февруари во Струга.

Единствена Македонија застанува зад кандидатурата на Петровски водејќи се единствено од македонските национални и државни интереси да се порази злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика марионетска власт Зоран Заев купена и контролирана од странски центар.

Филип Петровски е кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи ужива народна подршка не широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации – партии и здруженија од земјата и дијаспората. Практично, Филип Петровски е кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Во овие тешки моменти за Татковината кога пучистичката власт на Заев бесмилосно руши се што е македонско, го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на страната на патриотските сили во Македонија, македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство“, се вели во испратеното соопштение.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...