Двајца преживеани во авионската несреќа во Пакистан

НАШ ПРЕДЛОГ

Дневен хороскоп за недела (31. мај 2020)

ОВЕН Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа...

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова...

Две лица го преживеаја уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Иако претходно беше соопштено дека нема преживеани во авионот со 98 патници и екипаж, подоцна е соопштено дека две лица го преживеале падот на авионот, кој се урна во населена област во Карачи.

Во првите извештаи беше посочено дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна е прецизирано дека имало 91 патник и седум членови на екипажот.

Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар изјави дека се уништени неколку куќи во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија ПИА (Пакистан интернешенел ерлајнс). Засега не е познато дали некој загинал во тие куќи.

Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пилотот дал тревога откако авионот останал без еден мотор.

Несреќата се случи неколку дена откако Пакистан ги обнови комерцијалните летови во земјата. Тие врски беа прекинати повеќе од еден месец, како резултат на епидемијата на коронавирусот.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар. „Ова е Клиничкиот...

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица. Настанот може да...

Тежок живот во уште потешки услови, домаќинот болен и не може да му помогне на семејството

Доволно е само еднаш да ја погледнеш куќата за да ја разбереш маката на ова семејство. 7-членото семејство Метовски...