Дураку: Не исклучуваме никого, но со ДУИ во влада ќе биде многу тешко

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

Ние не исклучуваме никого, но исто така сме кажале дека со ДУИ во влада ќе биде многу тешко, можеби неизводливо. Сепак, ќе оставиме на политичките лидери. Знаете какви се бројките и можностите, има многу варијанти, изјави Шефик Дураку, портпарол  на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на денешната прес-конфернеција во Централниот штаб, прашан дали ќе седнат на иста маса за влада со ДУИ.

Прашан за тоа дали разговараат со некои партии за можно коалицирање, Дураку нагласи дека и како коалиција, но и поединечно политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива отсекогаш редовно комуницирале со сите политички партии – и од албанскиот, и од македонскиот блок.

- Реклама -

– Тие контакти продолжуваат. Нема нешто ново. По официјалните резултати што ги објави ДИК, сигурно сега следува периодот кога треба да почнат разговорите за формирање на владата. Нема нешто конкретно, нема нешто ново. Чекаме претседателот на државата да го додели мандатот и после е право на мандатарот со кого ќе разговара и со кого ќе состави влада, изјави Дураку.

Посочи дека за нив сега е многу поважен Маршот за демократија кој го најавија за утре.