ДУИ со „свежи“ имиња – освен Ахмети и Џафери, другите се тргнати настрана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ДУИ ги финализира целосните листи на кандидати за изборите на 12 април. Интегративците пред неколку дена почнаа да се фалат дека 90% од кандидатите ќе бидат нови лица, или поточно лица кои претходно не биле пратеници.

„Тоа се луѓе со висока одговорност, докажани во својата политичка кариера и луѓе кои имале одговорност во минатото но не биле пратеници“, вели Артан Груби.

ТВ21 ги спореди кои биле кандидати на изборите во 2016 како и имињата кои се спомнуваат за листите на ДУИ на овие избори.

Изборна единица 1

2016

1. Артан Груби

2. Лирије Елмази

3. Мухамед Рамадани

4. Амела Цана

5. Зеко Абази

2020

1. Изет Меџити

2. Арбен Зибери

3. Шермине Мамути

4. Ваљдете Касапи

5. Месут Јакупи

Ако носител на листа во ИЕ 1 во 2016 беше Артан Груби, неговото име сега не се спомнува во ниту една единица. Сега листата во оваа зона ја предводи Изет Меџити. Амела Цана во 2016 беше 4-та во ИЕ 1, а овој пат се очекува да се трка во ИЕ 2.

Изборна единица 2

2016

1. Ејуп Алими

2. Реџаилљ Исмаили

3. Њомза Љумани

4. Мирван Џемаили

5. Музафер Бислими

6. Каљтрина Азизи

2020

1. Арбр Адеми

2. Берат Ајдари

3. Амела Цана

Во оваа изборна единица веќе е потврдено дека носител  од редовите на ДУИ ќе биде министерот Арбр Адеми додека името на Ејуп Алими уште во 2016 ја предводеше листата на партијата, но сега не се спомнува никаде. Исто така го нема името и досегашниот пратеник Раџаиљ Исамили.

Изборна единица 3

2016

1. Нафи Дурмиши

2. Мадрит Бајрами

3. Леонора Бајрами Селимова

  •  
  • Беким Незири

Во ИЕ 3, единствено име кое е потврдено и како носител е екс министерот на ДУИ Беким  Незири, додека други имиња се уште не се објавени.

Изборна единица 4

2016

1. Артим Спахију

2. Bekim Bekirov

3. Раимонда Ибраимовска

2020

?

Во Изборната зона 4, во 2016 носител беше Артим Спахиу додека сега од ДУИ се уште не одлучиле кој ќе биде.

Во 2016

Изборна единица 5

2016

1. Агим Шаќири

2. Adem Karaga

3. Арјета Велиу

4. Муса Ибраими

5. Бурим Казиу

6. Ваљбона Мена Љачка

2020

1. Талат Џафери

2. Јетон Шаќири

Изборните единици 5 и 6 се единици во кои Албанците можат да се надеваат на најмногу пратеници.

Во ИЕ 5 познато е дека носител ќе биде собранискиот спикер Талат Џафери кој во 2016 беше втор на листа во ИЕ 6, по Али Ахмети. Освен Ахмети и Џафери за изборите 2020 не се спомнуваат имиња на досегашни пратеници како Џеват Адеми, Шпреса Хадри, Мирсада Емини и Бранко Манојловски. Ново име во 6-ката е актуелниот министер Насер Нуредини, додека Бајрам Реџепи кој во 2016 беше на осмо место, сега може да се трка во 5-ка или 6-ка.

Изборна единица 6

2016

1. Али Ахмети

2. Талат Џафери

3. Шпреса Хадри

4. Бранко Манојловски

5. Џеват Адеми

6. Мирсада Емини

7. Мерита Мустафаи

8. Бајрам Реџепи

2020

1. Али Ахмети

2. Фљорин Бесими

3. Арта Биљали Зендели

4. Насер Нуредини

5. Бајрам Реџепи

6. Вјолца Адеми

7. Бајрам Кадриа

8. Бедри Фазлиу

Прашавме дали е ова обид на ДУИ за освежување на имиџот на партијата тргајќи

ги настрана познатите лица и носејќи нови имиња?

„ДУИ постојано се освежува, отвори и ќе ги отвора вратите за нови кадри со високи морални, професионални и национални квалификации. Затоа останува на органите на пртијата да одлучат“, додава Арбр Адеми.

Во ИЕ 6, освен Ахмети, носители на листи ќе бидат и другите лидери на албанските партии, Зијадин Села на АА, Биљал Касами на Беса кој е во коалиција со СДСМ и Мендух Тачи на ДПА.

Утре е последниот рок за доставување на имињата на кандидати до ДИК.

  • Потврдени
  • Неофицијални