„Државни патишта“ за ДУИ, ФЗО за Зекири? Заев: Директорска позиција за Зекири, или останува во Собрание

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дилема околу тоа дали потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири ќе добие некоја функција во извршната власт или пак ќе остане пратеник во законодавниот дом. Премиерот Зоран Заев, ниту ја потврдува, ниту негира неофицијалната информација дека Зекири ќе застане на чело на Фондот за здравствено осигурување.

Заев не коментираше ниту за управите со кои се очекува да раководи ДУИ, само рече дека постапката за пополнување на третиот ешалон ќе почне на почетокот на октомври, а ќе заврши околу 10-15 истиот месец. Ова важи за институциите за кои одлучува Владата, а за останатите пак, за кои конечниот збор го имаат министрите, ќе се објават конкурси. Заев ветува дека целата ситуација нема да го попречи функционирањето на институциите.

Засега е потврдена само информацијата дека ДУИ ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта.

-Дека овој мандат ќе биде поинаков, се гледа од ресорите за кои сме определени. Се определивме за финансискиот и економскиот ресор, логистика и инфраструктура. Го добивме претпријатието Државни патишта и приоритет ни се тие кои заглавија. Особено тие кои се суштински за нас, инфраструктура и коридорот 8-рече Груби.

Неофицијално се дознава дека СДСМ и ДУИ ќе ги разменат „ Пошта на Северна Македонија “ и МЕПСО, а социјалдемократите ќе го добијат Фондот за пензиско осигурување, „Железници на Република Северна Македонија – Инфраструктура“ и „Македонија пат“, со кое досега раководеше ДУИ. Именувањето на директорите доаѓа откако пред неколку дена Собранието ги изгласа заменици-министрите, со што се комплетираше и вториот владин ешалон.