Дора Бакојани за „Преспа“ – „Ципрас обезбеди 151 глас во грчкиот парламент“

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани вели дека грчкиот премиер Алексис Ципрас веќе обезбедил 151 глас за поддршка на Преспанскиот договор во Парламентот.

Каменос, иако е актуелен министер за одбрана преку видео-порака му се заканува на Ципрас дека ќе ја напушти Владата кога ќе дојде редот за ратификација на „Преспа“. Бакојани, овој потег го објаснува со тоа што Каменос не може да го поднесе тоа што одлуките на Ципрас и Сириза повеќе не зависат од него. Инаку, токму Бакојани во 2008 година го блокираше членството на Македонија во НАТО.