Донација од Амбасадата на САД за намалување на ширењето на КОВИД-19

НАШ ПРЕДЛОГ

Ајет е една година без пасош – нашите државјани во Словенија останале без документи

Неколкумина наши државјани кои живеат во Словенија останале без пасоши. Еден од нив  е Ајет Зеќири. Тој...

Многу жалби доставени до Омбудсманот – кичевските административци без решенија, се жалат од пензинскиот фонд

Граѓаните кои не успеваат да завршат работа во државните институциите, се обраќаат во канцеларијата на Народниот правобранител.

Има начелен договор помеѓу Заев-Ахмети – проблем сѐ уште претставува премиер Албанец

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и  ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите...

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе предаде донација од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во вредност од 35.000 американски долари, како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

- Реклама -

Како што информираат од ЈОРСМ, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет,  јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.

- Реклама -

Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

- Реклама -

Донацијата која ќе ја предаде амбасадорката Брнз ќе ја преземат в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Многу жалби доставени до Омбудсманот – кичевските административци без решенија, се жалат од пензинскиот фонд

Граѓаните кои не успеваат да завршат работа во државните институциите, се обраќаат во канцеларијата на Народниот правобранител. Во канцеларијата...

Има начелен договор помеѓу Заев-Ахмети – проблем сѐ уште претставува премиер Албанец

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и  ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите за коалиција. Не е кажано...

До трето одделение во клупи, другите онлајн – ЕУ Клик: Коронавирусот и образованието

Првачињата, учениците од второ и трето оделение ќе седанат во училишните клупи, а пак другите ќе следат онлајн настава од дома. Ова...

Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да се утврди на кој начин...