Долно Врановци без вода, лекар и пат

На надморска височина од околу 2 илјади метри, се наоѓа селото Долно Врановци. На само 50 км од Велес, 60-тина жители се на мака да ја обезбедат нивната егзистенција, воглавно занимавајќи се со сточарство. Поради немање вода, секојдневно се соочуваат со бројни проблеми. Кога на овој проблем ќе му се додаде и оштетениот пат, животот во селото станува исклучително тежок. Сепак, со околу 1500 грла овци, и  десетици крави селото го одржуваат во живот. Рамадан Исени има 15 деца и создал капитал од околу 3500 овци и ја обработува земјата од 20 хектари.

„Тука живеат 33 членови од семејството. Моите 11 деца живеат тука, додека невестите внуците и се во Јаболчиште, бидејќи во селото нема училиште.“, изјави  Рамадан Исени, жител на Долно Врановци.

Синот на Рамдан, Мевлудин одгледува 1500 грла овци, но ова за него претставува двојна работа поради немање водоводна мрежа, пат, и продавници.  За време на сезоната, продаваат  над 30 тони свежо млеко, но поради недостиг на струја произведувачката е отежната. Проблем им претставува обезбедувањето сточна храна од околните села.

„Тука ми се 11-те браќа, одгледуваме 1500 грла овци, 10 коњи, 2 крави. Не се занимаваме со друга работа. Време е веќе селото да се снабди со вода. “, изјави Мевлудин Исени,  жител на селото.

Селото е под надлежност на општина Чашка. Има 20 куќи со Албанци, а 5 куќи се со семејства Македонци. Мухамед Бехлули одгледува тутун.  Вели селото е заборавено од општината и од државата.

„Тешко се живее без инфраструктура, без ништо. Потребно е вода за пиење која ја немаме, уште немаме бањи, бидејќи немаме водоводна мрежа. Како што гледате, патот е во катастрофална состојба, особено кога имаме дождливо време.  Без основни услови тука нема живот. Некои од луѓето се иселија странство, отидоа во Италија, Германија и Швајцарија, поради лошите услови за живот, и немањето перспектива.“, Мухамед Бехлули,  жител на селото.

Го напуштивме селото Врањевци, општина Чашка оставајќи ги зад себе бројните работници како градат засолништа за нивните овци, со цел да го зголемат нивниот капацитет за производство на млеко и месо. Жителите очекуваат дека општината ќе го асфалтира патот од 3 км во селото, каде би се создале услови за пристоен живот.

Мирадие Хасани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here