Докторот од Битола го повторил тестот за коронавирус – сега е негативен

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Докторот од приватната здравствена установа од Битола кој пред два дена беше регистриран за прв случај на коронавирус во Битола заедно со своето семејство направиле повторно тестирање, по што сега тестот е негативен.

Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, семејството информираше дека тестови направиле сите пет членови на семејството, меѓукои и едно бебе. Сите резултати биле негативни на коронавирус.

Додаваат дека сега медицината треба да одговори дали докторот бил или не позитивен на коронавирус. Првиот тест кој докторот го направил бил негативен, вториот позитивен и третиот кој заедно го направил со целото семејство бил повторно негативен.

Додаваат дека нивната приватна болница ќе биде дезинфицирана и ќе продолжи со работа на 13 април.

Апелираат да се остане дома, да се почитуваат мерките.