Доделени признанија за најдобрите во македонската кошарка за 2018

МКФ и годинава организатор за избор на најдобрите во спортот со портокалова топка за 2018.

По дадените предлози од кошаркарски работници ширум Македонија вечерва им беа доделени признанија на наградените во свечената организација на МКФ која се одржа во просториите на ТВ21, односно салата „Сквер 21“.

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година – Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година – Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги) – Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги) – Струга 2009
Најуспешна млада репрезентативна екипа – М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги) – Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги) – Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги) – Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги) – Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година – Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година – Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година – Игор Митровски

Македонската кошаркарска федерација на сите добитници им ги честита признанијата и им посакува што поуспешна 2019 година.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!