До смрт избоден со нож 19-годишен мигрант во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во инцидент во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, во текот на ноќта до смрт било избодено со нож 19-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска, додека пак уште три лица се хоспитализирани, објави информативниот портал од островот „Стониси”, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, кога Авганистанец откако украл мобилен телефон од еден од Африканците, со нож напднал неколку лица, кои биле пренесени во болница.

Поради тешките повреди во градите и стомакот, 19-годишното момче починало, двајца од хоспитализираните се со сериозни повреди во стомакот, а еден со повреди од удари во пределот на главата.

Порталот објави дека полицијата привела неколку лица, а веројатно меѓу нив е и сторителот.