До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија

НАШ ПРЕДЛОГ

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

„Граѓаните постојано бараат да се отворат границите, а политичарите дебатираат, некои сметаат дека се уште е рано,...

Мухамед Зеќири со обвинувања до Арбр Адеми – екс министерот возврати „Дежурен провокатор кон ДУИ“

„Министерството за образование од минатиот мандат покажало негрижа за почетокот на новата учебна година, а министерот Адеми...

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците...
-Реклама-

Министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е во сила до денеска, продолжена е до крајот на август, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Службен весник на Грција, веќе е објавена конкретната одлука, односно продолжувањето на претходната и е во сила заклучно со 31 август 2020 година.

- Реклама -

Одлуката се однесува на воздушните, копнените, железничките и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија.

Согласно новата одлука за границите и согласно министерската одлука што денеска стапува во сила, а предвидува забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, македонските државјани до крајот на месецов нема да можат да патуваат во Грција.

- Реклама -

Како што веќе објави МИА во средата, забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција.

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

- Реклама -

Исто така исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници. 

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Заев и Царовска на првиот училиштен ден во „Коменски“

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска по повод почетокот на учебната 2020/2021 година ќе се обратат во...

Димитров на средби во германското МНР со фокус на преговарачката рамка и усвојувањето на Економскиот инвестициски план за регионот

По вчерашните средби со советниците на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и на канцеларката Ангела Меркел, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска...

Започна учебната година – наставата и на отворено

Под посебни протоколи денеска започна учебната 2020/2021 година. Овој пат наставата ќе се одржува и на отворено, а еден...

Ниту училиште, ниту паралелка на албански јазик – градоначалникот Георгиевски го прекрши потпишаниот договор

Ова е потпишаниот договор меѓу жителите и градоначалникот на Гази Баба, како решение за учениците од Идризово. Во член 5 од овој...

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина, сакаат да одат во училиштата

Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13.30...