Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

НАШ ПРЕДЛОГ

Дневен хороскоп за недела (31. мај 2020)

ОВЕН Работа: Сте успеале да ги решите проблемите на полето работа. Задоволни сте затоа...

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар.

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова...

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.943.001 лица. Од нив починале 321.998, а оздравеле 1.936.611 луѓе.

– Министерството за здравство на Грција денеска соопшти само четири нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број се зголеми на 2.840. Бројот на смртни случаи остана ист како вчера -165.

– Во Албанија за првпат по појавата на пандемијата регистрирано е само едно
новозаразено лице со Ковид-19 во едно деноноќие. Во исто време во списокот на одравени се внесени 15 лица, а починати нема во последните три недели. Со направените 177 тестови во последното деноноќие досега вкупно се тестирани се 12.899 сомнителни случаи, позитивни се 949, од нив оздравени се 742, додека починати 31 лице. Активни на болеста се 176, болнички се лекуваат само 15
лица, тројца од нив на интензивна терапија

– Во изминатите 24 часа од 1.882 направени тестови на Кипар, регистриран е само еден позитивен случај на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, бројот на заразени е 918 лица.

– Во изминатите 24 часа во Србија починаа уште три лица или вкупно има 234 починати. Нови случаи има 34 или вкупно 10.733 граѓани се заразени.
Излекувани досега-4904 лица.

– После два дена без смртни случаи на заразени со коронавирусот, во последните 24 часа во Австрија се регистрирани три смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 632. Бројот на активно болни луѓе падна за 15, на 1.011.

-Во Косово вчера беа извршени 200 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека е можно да се заболени од Ковид-19, при што се регистрирани три нови случаи на позитивни на новиот коронавирус. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, бројот на одсега регистрирани заразени од новиот коронавирус во Косово изнесува 988. Од нив, излекувани се 754 лица, од кои вчера 18, додека починаа 29 заболени. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај.  Вклучително последните статистики, официјалната бројка на активни случаи со Ковид-19 изнесува 205. Според информациите од Институтот за јавно здравство на Косово, заклучно со вчерашниот ден, во неговата лабораторија за микробиологија се извршени вкупно 11.987 тестирања.

– Речиси 43.000 се починатите од Ковид-19 во Британија која станува држава во европска држава со најголем асмртност од вирусот. Еднна третина од смртните случаи се регистрирани во домови за стари лица. До 8 мај таа цифра била над десет илјади.

– Нови 2.509 случаи на заразени се регистрирани во изминатите 24 часа во Саудиска Арабија. Бројот на заразени е речиси 60.000. Во изминатите 24 часа починале девет луѓе, а 2.886 се опоравиле. Таа држава е на челно место меѓу арапските држави по број на заразени со Ковид-19.

– Жителите на Барселона кои живеат на километар од плажите таму, од утре ќе можат повторно да се сончаат, соопштија градските власти. Покрај сончањето, ќе биде дозволена употреба на плажите за „рекреативни цели“, но со почитување на мерките за физичко оддалечување. Сепак, пливањето нема да биде дозволено, како и престој на плажа повеќе од еден час, а ќе има утврдени датуми според возраста и активностите на посетителите.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Филипче: Ова е Клиничкиот центар вечерва, со нов лик, да го чуваме уреден

Министерот за здравство Венко Филипче на својот „Фејсбук“ објави фотографии од изгледот на Клиничкиот центар. „Ова е Клиничкиот...

НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: НАСА испраќа астронаути до меѓународната вселенска станица

НАСА и Спејсикс ги испраќаат астронаутите Роберт Бехенкен и Даглас Харли до Меѓународната вселенска станица. Настанот може да...

Тежок живот во уште потешки услови, домаќинот болен и не може да му помогне на семејството

Доволно е само еднаш да ја погледнеш куќата за да ја разбереш маката на ова семејство. 7-членото семејство Метовски...