Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

НАШ ПРЕДЛОГ

Мицкоски: Чета на МВР дојде, како во центарот на градот да имаше терорист

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со коментар околу припадниците на МВР кои вчера дојдоа во Дебар Маало...

ВИДЕО: „Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме прифаќаат“, рече Мицкоски

„Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме поздравуваат“, рече Мицкоски во вечерашното гостување...

Мицкоски: Останав во Скопје, викендов ќе го минам карантински, работно

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е гостин во „КликПлус“ на ТВ21. Дебатираме на повеќе теми, а на...
- Реклама -

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.848.4582 лица. Од нив починале 317.806, а оздравеле 1.880.137 луѓе.

-Бројот на починати од Ковид-19 во Грција, денеска се зголеми на 165 лица, откако беа соопштени уште два смртни случаи, додека пак во изминатите 24 часа регистрирани се само два нови позитивни случаи на коронавирусот. Во земјата, вкупно 2.836 лица се заразени од почетокот на епидемијата, а анализирани се 131.684 примероци.

- Реклама -

-На Кипар денеска е регистриран само еден нов случај на Ковид-19, од 1.287 направени тестови. Вкупниот број на заразени, од почетокот на епидемијата е 917 лица.

– Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во неделата е извршено тестирање на 202 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19. Од нив, како позитивни се потврдени седум нови случаи на заразени, со што вкупната бројка на заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи, достигна 985. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти се забележани 23 новоизлекувани од болеста и ниту еден починат. Според овие официјални статистики, во Косово има 736 излекувани и 29 починати од Ковид-19, што значи дека во земјата моментно има 220 активни носители на новиот коронавирус. Последниот смртен случај на заболен од Ковид-19 е забележан на 12 мај. Вклучително вчерашните податоци, во Косово досега се извршени вкупно 11.787 тестирања.

– Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани само двајца новозаразени со
Ковид-19, што е најмала бројка на новозаразени од почетокот на пандемијата. Вкупната бројка изнесува 948, од нив 77 отсто ја добиле битката со опасниот вирус, додека починале 31 лице. Активни случаи има 190, но само 15 од нив болнички се лекуваат, од кои тројца се на интензивна терапија. Со последно направените 168 тестови, до сега извршени се над 12.500 тестирања.

– Италија е подготвена да ги пречека туристите од 3 јуни, објави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо. Тој на состанокот на европските земји за туризам рече дека е неприфатливо да има „црни списоци“ меѓу европските земји. „Ако не ја промениме насоката, ќе има сериозни економски неуспеси во секторот за туризам во сите европски земји, не само во Италија“, рече Ди Мајо.

– Повеќе од 40 проценти од луѓето заразени со коронавирусот во Русија немаат никакви симптоми на болеста, додека 22 проценти од пациентите страдаат од пневмонија, рече на состанокот на кризниот штаб Татјана Голикова, руски вицепремиер. Голикова изјави дека од 290.678 лица кои биле заразени со коронавирусот во Русија од почетокот на епидемијата, 44 отсто немаат клинички симптоми, 32 отсто страдаат од акутни респираторни заболувања, а 22 отсто од пневмонија за кои не е потребен болнички третман. Вицепремиерката на Русија истакна дека отсуството на симптоми на болеста е позитивна појава од една страна, но од друга страна носи со себе зголемен ризик од ширење на инфекцијата.

– Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вети дека ќе почне независна проценка на одговорот на организацијата на пандемијата на коронавирусот при „најраната можност“ и вети транспарентност и одговорност во име на СЗО. „Секој од нас може да научи од пандемијата. Секоја земја и секоја организација мора да го преиспитаат својот одговор и да научат од своето искуство. СЗО е посветена на транспарентност, отчетност и континуирано подобрување“, рече Гебрејесус пред Собранието на СЗО.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска беа регистрирани само две новозаразени лица со новиот коронавирус така што вкупниот број на заразени лица од почетокот на епидемијата е 2.222, додека оздравеле 1.946. „Во последните 24 часа беа тестирани 943 лица, а вкупно беа извршени 54.820 тестови во Хрватска“, беше речено на редовната прес-конференција. Хрватска е во 84-от ден од епидемијата. Генералниот директор на СЗО напомена дека ризикот е се уште голем и дека имаме уште долг пат.

– Во Словачка, во неделата е регистриран само еден нов случај на зараза со новиот коронавирус, така што вкупниот број заразени е 1.495. Нема нови смртни случаи, па вкупниот број е се уште 28. Беа извршени 971 тестови за вирусот, а вкупниот број на тестирани сега е 143.433. Во изминатите 10 дена, Словачка има двоцифрен број на нови инфекции само еден ден.

– Во Романија денеска беа потврдени 165 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 17.036. Во таа земја, од вирусот починале 1.107 лица. Досега оздравеле 9.930 лица, а 193 пациенти се уште се на интензивна нега.

— 84.118 лица се заразени со вирусот во африканските земји, а починале 2.739 лица, соопшти денеска одделот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка. Оздравеле 32.494 пациенти. Најмногу случаи се регистрирани во Јужна Африка – 15.515, а 264 лица починале од коронавирус во таа земја. Највисок број на смртни случаи е регистриран во Египет – 612.

– Втор ден по ред нема смртен случај во Австрија од последици на коронавирусот, но веќе трет ден расте бројот на заразени лица. Бројот на активно заболени лица повторно надмина 1.000. Според официјалните податоци, бројот на моментално болни е 1.026, а пред само една недела беше под 1.000. Во последните 24 часа се регистрирани 27 нови заболени, а само во Виена бројот на заразени лица е зголемен за 17. Поради влегувањето на вирусот во центарот за дистрибуција на пошта, таканаречениот репродуктивен фактор се зголеми на 1 во Виена.

– Здравствените службеници во Јужна Кореја соопштија денеска дека пациентите кои се позитивни за вирусот Ковид-19 повторно, и кои веќе еднаш ја имаат прележано таа болест, не се заразни. Центарот за контрола на болести во земјата објави дека тоа тврдење е по лабораториска анализа на 108 примероци и епидемиолошка истрага од 285 случаи, со цел да се утврди дали пациентите со коронавирус треба да бидат карантин две недели откако ќе ја напуштат болницата.

– Првиот случај на вирусот Ковид-19 е потврден во племето Ваорани во еквадорскиот дел на Амазонија, соопшти денеска Министерството за здравство на Еквадор. Како што се наведува, заразена е 17-годишна бремена жена која на почетокот на мај почнала да покажува симптоми на болеста.

– Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, после два месеци за првпат одржа јавна миса на која присуствуваа ограничен број верници. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме прифаќаат“, рече Мицкоски

„Добро си поминав во кафана, исто како и претходно, сите ме поздравуваат“, рече Мицкоски во вечерашното гостување на „КликПлус“ на ТВ21 откако...

Мицкоски: Останав во Скопје, викендов ќе го минам карантински, работно

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е гостин во „КликПлус“ на ТВ21. Дебатираме на повеќе теми, а на прашањето дали планира да замине...

Желино се жали поради полицискиот час, Сејдиу: Во последните 10 дена, немаме ниту еден случај на Ковид-19

Желино се жали - зошто во општината е воведен полициски час, кога нема зголемување на бројот на заразени? Градоначалникот, Блерим Сејдиу, вели...

Жителите од Чегране чекаат спортско игралиште, наместо да почнат да градат, Гостивар и АМС со меѓусебни обвинувања

Жителите на Чегране се уште ја чекаат реконструкцијата на нивното спортско игралиште иако на 8 ноември претставници на општина Гостивар, заедно со...