НАЈНОВА ВЕСТ

101 новозаразени, 4 лица починаа од коронавирус – биланс за последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7,...

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

НАШ ПРЕДЛОГ

Без стипендии во време на пандемија – студентите го обвинуваат министерството дека ги изгубило документите

И покрај тоа што нивните семејства се во економска криза поради пандемијата на Ковид-19, некои студенти останаа...

Скрининг на 60 полицајци од меѓународниот контингент во Гевгелија

Откако еден полицаец од унгарскиот контингент, кој беше дел од граничната полиција на нашата јужна граница, добил...

Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков,...

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.136.799 лица. Од нив починале 331.496, а оздравеле 2,049,565 луѓе.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се само пет новозаразени со Ковид-19,со што вкупната бројка достигна 969 лица. Во исто време во списокот на излекувани се впишани 13лица или вкупно до сега битката со невидливиот непријател ја добиле 771лице односно 80 отсто од вкупната бројка на заболени. Активни на болеста се се 167 лица, а болнички се лекуваат само 14, од нив тројца се на интензивна терапија. Битката со  коронавирусот ја изгубиле 31 пациент,кои боледувале и од други болести. Од 20 април во Албанија нема починат од коронавирус. Со последно направени 204 тестови, до сега вкупно се тестирани 13.825 сомнителни случаи.

- Реклама -

– Само еден нов случај на Ковид-19 од анализирани  2.647 примероци во изминатите 24 часа соопшти Министерството за здравство на Кипар. Од почетокот на епидемијата, заразени со новиот коронавирус се 923 лица.

– Уште две лица во Грција починаа од Ковид-19, а денеска беа соопштени три нови случаи. Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 2.853 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 168 лица.

– Во изминатите 24 часа во Хрватска се регситрирани три нови случаи на зараза. Вкупниот број на заразени во државата е зголемен на 2.237. Еден човек го загуби животот со што вкупниот број на смртни случаи е 97.

-Бројот на лица кај кои е откриено присуството на новиот коронавирус во Косово надмина илјада, откако, според последниот официјален извештај, вчера беа потврдени 14 новозаболени од Ковид-19. Во истиот период, регистрирани се и три новооизлекувани и ниеден починат. Од 1.003 лица кои резултирале позитивни на новиот коронавирус од појавата на епидемијата во Косово, вкупно се излекувани 772 лица, а имаше и 29 смртни случаи, од кои последниот на 12 мај. Според овие податоци, активни заразени во земјата моментно се 202 лица. Во текот на верашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти, извршени се тестирања на 208 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата се тестирани 12.406 лица.

– САДсо 1.570.583 потврдени случаи се држава со најмногу заразени. Следуваат Русија (308.705), Шпанија (278.803), Бразил (271.885), Велика Британија (248.818), Италија (226.699), Франција (180.809), Германија (177.827) и Турција (151.615). Останати држави со повеќе од 50.000 потврдени случаи на заразување со Ковид-19 се Иран (124.603), Индија (106.886), Перу (99.483), Кина (82.965), Канада (79.112), Саудиска Арабија (59.854), Белгија (55.791) и Мексико (54.346).

– Секое шесто дете во Шпанија се чувствувало депресивно за време на епидемијата на коронавирусот, при што повеќе погодени се оние од посиромашните семејства.Шпанија воведе еден од најстрогите карантини во светот, вклучително и дека децата не можеа да ги напуштат своите домови четири недели. „Save the children“ соопшти дека истражувањето во април открило дека и покрај тоа што семејствата поминуваат повеќе време заедно, 17 проценти од децата се чувствуваат депресивно на дневна или честа основа и дека карантинот ги истакнува економските нееднаквости. Во повеќето сиромашни семејства, 32,3 проценти од децата имале потешкотии во спиењето, а 30,1 процент се плашелеод Ковид-19, речиси третина повеќе отколку во побогатите семејства. Посиромашните деца, исто така, почесто плачеле, покажа студија заснована на повеќе од 1.800 интервјуа со деца и нивните семејства. Save the Children вели дека секое четврто ранливо семејство доживеало загуба на работното место или пад на приходите, што предизвикало децата да се чувствуваат тензично и несигурно.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скрининг на 60 полицајци од меѓународниот контингент во Гевгелија

Откако еден полицаец од унгарскиот контингент, кој беше дел од граничната полиција на нашата јужна граница, добил позитивен резултат на Ковид-19 кога...

Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, беа на локацијата кадешто во...

СЕММ реагира на тенденцијата на медиумите во последните денови да шпекулираат со број на новозаразени и починати граѓани од коронавирусот

Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) реагира на тенденцијата на медиумите во последните денови да шпекулираат со број на новозаразени...

Бугарската амбасада донираше опрема во Клиничка болница-Битола

Клиничка болница-Битола доби нова заштитна опрема изработена по најсовремена технологија, донација од Генералниот Конзулат и Амбасада на Република Бугарија. Висококвалитетната заштитна...