Случаите „Диво Насеље“, „Алмир“ и уште неклку други да бидат отворени повторно, но под меѓународен надзор, најави Зијадин Села во „Изборни дебати“ вечерва на ТВ21.
Ова е лошото. Ајде да тргнеме од последниот. Јас не мислам дека е праведно со умисла да убиеш едно 4-годишно дете и денес по 4 години да бидеш слободен. Тој судски процес мора да се отвори повторно.
Втор случај?
Диво Насеље.
Трети?
Алфа. И многу други политички монтирани случаи. Од друга страна, јас не ги реков само политички монтираните случаи. Реков и останатите случаи кои се однесуваат на висок политички криминал, корупција, чиј епилог сè уште не е решен.