Дислокација на обложувалниците: Алтернатива и БЕСА со поддршка, СДСМ без коментар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Проблемот со дислокација на обложувалниците се уште не е решен. Иако беа дадени многу ветувања, објектите се уште се во близина на училишта , џамиите или црквите. И новиот министер за финансии Фатмир Бесими го вети истото и се заложи дека ќе иницира закон за решавање на овој проблем, но без да открие повеќе детали за тоа кога би започнала ваа иницијатива во Собрание.

„Целта ќе биде нивното позиционирање да биде подалеку од училиштата, градинките и верските објекти. Ова ќе биде отворен и транспарентен процес следниов период новиот закон да се хармонизира и со сите вклучени страни во процесот да најдеме што подобро решение“, рече Бесими.

Од Движење против коцкање ги поздравија сите иницијативи за решавање на овој проблем, но се скептици за нивното реализирање.

„Ние од Движење против коцкање ја поздравуваме изјавата на министерот за финансии за носењето закон за игрите на среќа. Од друга страна го потсетуваме министерот дека на 22 февруари имаше иницијатива и овој закон требаше да помине во Комисијата за финансии и буџет, беше по убиството на двете млади лица за време на кражбата во едно казино во Визбегово. Во тоа време пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ стоеја по ходниците на Собранието за да нема кворум во комисијата, поточно беа против носењето на овој закон, што и се случи навистина“.

ТВ21 контактираше со некои од политичките партии. Од Алтернатива велат дека се подготвени да гласаат за таков закон. Подготвеност за поддршка изразија и од Движење Беса. Од СДСМ не ја коментираа најавата на Фатмир Бесими, велејќи дека таква иницијатива се уште не стигнала во Собрание.