Димитров: Преспанскиот договор стапува на сила, денеска e почеток на пријателство меѓу Грција и Северна Македонија

Никола Димитров вечерва на својот „Твитер“ профил објави дека е добиена Вербалната нота од Грција, и дека Договорот од Преспа стапува на сила. Тој истакна дека ова е почеток на долго пријателство меѓу соседите.

„Ја разменивме вербалната нота, Преспанскиот договор стапува на сила! Денеска може да биде почеток на долго пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го промениме нашето минато, но можеме да ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка“, напиша Димитров.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...