Димитров положи венец во Мавзолејот на Ататурк

На последниот ден од работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров, положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк и во име на Република Македонија, оддаде почит на таткото на Република Турција, заокружувајќи ја својата посета.

Исто така, во рамките на своите медиумски активности, Министерот Димитров даде интервју за TRT World и Агенција Анадолу.