Џафери ќе присуствува во Албанија на ратификација на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието Талат Џафери утре ќе присуствува во работна посета на Албанија, каде што ќе биде гостин на пленарната седница на која ќе се гласа за Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

Седницата ќе се одржи на 14. февруари.

Денеска Џафери присуствуваше на ратификацијата на Протоколот за НАТО од страна на Словенија.