Денот на Републиката 2 Август – честувања без масовни собирни и под посебни протоколи

НАШ ПРЕДЛОГ

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Жена загина во експлозија на гас во Балтимор, неколку лица се повредени, и неколку куќи се уништени.

Средба Заев – Ахмети во Собранието

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за...

109 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11942, оздравени 422 пациенти – починатo e 1 лицe

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109...

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска ќе се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје.

- Реклама -

На чествувањето во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а на чествувањето во Скопје кое ќе биде на Скопската тврдина, ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски.  Одбележувањето на Илинден во Крушево на Мечкин Камен е под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Дел од официјалната програма и годинава се содржините од Смилево со кои се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.

- Реклама -

Свеченоста на тврдината Кале во Скопје ќе почне со положување цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на државната химна. Претседателот на Владата Спасовски ќе се обрати на настанот и ќе ја предводи владината делегација во која ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска.

- Реклама -

На свеченоста на Кале ќе претходи положување цвеќе и на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, каде што владината делегација ќе  ја предводи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во придружба на министерот без ресор Музафер Бајрам и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што ќе се обрати претседателот Пендаровски, делегацијата на Владата ќе ја предводи вицепремиерката Мила Царовска, заедно со министрите за земјоделство и за информатичко општество, Трајан Димковски и Дамјан Манчевски, и министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Во Крушево, пак, каде што настаните ќе се одбележат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегација ќе ја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. За настаните во Смилево, според најавата, владината делегација е составена од министрите без ресор Едмонд Адеми и Елвир Хасан и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

На спомен-обележјата цвеќе ќе положуват и делегации од други државни институции, од Армијата и Сојузот на борците, претставници на политички партии, здруженија, установи и организации.

Оваа година чествувањата се според протоколи и во услови на пандемијата со КОВИД-19. Содржините на програмите се сведени на минимум, само со положување венци цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и народните собири на отворено, како и без групирања во угостителски објекти. Во програмите нема да учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри, а делегациите ќе положуваат цвеќе според протоколи за растојание – просторно од два метра и временско од две минути.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средба Заев – Ахмети во Собранието

Во Собранието попладнево се одржува средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, како...

109 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11942, оздравени 422 пациенти – починатo e 1 лицe

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во:...

Одлуката за поскапување на струјата ќе остане – МЕПСО: Граѓаните не ги „болат“ парите за интернет, а за струјата реагираат

“Граѓаните не ги болат парите за интернет, а кога станува збор за електричната енергија реагираат. Не треба да се споредува цената на...

Ахмети ги покани на маса албанските партии – Заев: Ова е притисок од ДУИ за позицијата премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани на средба четворицата претседатели на албанските парламентарни партии, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса,...