Денеска завршува осумдневната вонредна состојба, партиите со последни подготовки пред стартот на кампањата

НАШ ПРЕДЛОГ

Локални поројни врнежи, ветер, грмежи и град викендов

Локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер,...

До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија

Министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31...

На патот Свети Николе – Куманово во товарно возило пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца

На 14.08.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе - Куманово, полициски службеници дале знак за...

Денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски со цел да се спроведат неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

- Реклама -

Последната, петта, вонредна состојба беше прогласена на 15 јуни по постигнатиот договор меѓу лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за терминот за изборно соочување.

- Реклама -

Шефот на државата ја образложи одлуката за нова вонредна состојба со потребата да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Ковид-19. Осумдневната вонредна состојба беше дадена за да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите.

- Реклама -

Предвремените парламентарни избори првично требаше да се одржат на 12 април, но поради кризата со коронавирусот и прогласувањето на првата вонредна состојба во март, со владина уредба изборните дејствија беа прекинати. По повеќенеделни неуспешни разговори, консултации и неколку лидерски средби кај претседателот, власта и опозицијата на средината на месецов конечно постигнаа договор за избори на 15 јули.

На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.

Изборната кампања почнува в среда, на 24 јуни. Партиите ветија фер и демократски избори за што потпишаа и кодекс. Најавија  дека ќе се фокусираат на кампања која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните, без големи настани и митинзи, со зголемено користење на социјалните мрежи, традиционалните медиуми, билборди, и друг тип на онлајн претставувања.

Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога, според ревидираниот роковник на ДИК, завршува изборната кампања.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

До 31 август продолжено привременото ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија

Министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е...

На патот Свети Николе – Куманово во товарно возило пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца

На 14.08.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе - Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“,...

Приведено лице од скопско Мојанци – споделувал видео и фотографии на „Тик Ток“ како предизвикува пожар

СВР Скопје - Единицата за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-малолетник од с.Мојанци, скопско, поради...

Филипче: Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија

Клиниката за хирургија, вилици и врат - максилофацијална хирургија информира дека во тек е подобрување на условите во установата. Преку донација од...