Денеска отворање на саемска триологија Технома, градежништво и RealExpo

Саемската трилогија продолжува со двата најголеми бизнис саеми: 44. издание на Технома – меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита; 15. издание на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација заедно со единствениот осми по ред Меѓународен саем на недвижности – RealExpo.

Свеченото отворање на овој саем ќе биде денеска во 11 часот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Притоа на јавноста ќе се обрати Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима на домашните претпријатија, а ќе се обратат и претставници од саемот.

Веднаш по свеченото отворање, ќе се одржи прошетка на штандовите со фокус на штандот на МАКИНОВА, заедно со Заменик на претседателот на Влада на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, г.дин Кочо Анѓушев.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!