Денеска ќе се одлучува за полицискиот час престојниот викенд, и за угостителските објекти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти.

„Епидемијата е под контрола. Бројот на активни случаи е стабилен, голем дел од потврдените се веќе од познати кластери, а дел од заразените се инфицирале при групирање на приватни собири“, истакна вчера Филипче.

Тој додаде дека на Комисијата за заразни болести се разговарало за отворањето на угостителските објекти, но дека требало да бидат земени во предвид претстојните празници за време на викендот, па така наместо оваа, можно е да бидат отворени во текот на идната недела.

Денеска ќе се одлучува и за полицискиот час викендов, односно дали ќе има карантин за време на празниците (муслиманскиот верски празник Бајрам и Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј).

Во однос на отворање на границите Филипче рече дека ќе почекаме да се официјализира документот со Грција, па да зборуваме конкретно за начинот на патување

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.