Демонстрантите му порачаа на Вучиќ: Само преку канали можеш да излезеш од зградата

„Единствено само преку канали за глувци може излезе од Претседателството. Може да бира, или да поднесе оставка, или да биде глушев па да излезе преку канали. Нема повлекување, нема предавање, нема назад додека не ставиме крај на овој режим“, порача денеска лидерот на „Двери“, Бошко Обрадовиќ.

Неколку стотици демонстранти се собрани пред палатата на претседателот, каде што бараат да излезе и да им се обрати. Тие ја пробиле заштитната ограда, и стигнале до зградата, но полицијата ги спречи да влезат внатре.

Претходно претседателот Вучиќ се обрати на граѓаните, и го осуди вчерашниот упад во РТС.

 

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!