Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, и пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод 117-годишнината од неговата смрт.