Дел од Кондово без вода, жителите бараат брзо решение

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Држејќи растојание  се собраа пред нивната населба. Овие жители на Кондово со месеци немаат вода. Иако сме во време на пандемија, тие полнат вода на друго место. Еден жител на оваа населба вели дека доставиле барање до општината и до Водовод, но до сега никој не презел конкретни чекори за решавање на овој проблем.

„Полниме вода во овие садови за вода, видете, нема вода. Ова е срам за народот, овде со 60 куќи нема вода. Баравме, бевме и во општината, доставивме барање, бевме и во Водовод, вода нема. Тие велат дека треба да ги замениме доводите на вода но не знам сега, треба да го решиме овој проблем, овој проблем треба да го реши општината и Водовод.“, вели жител на Кондово.

Ова е дел од Кондово каде вообичаено, како што велат жителите, нема вода за пиење, особено преку лето.

„Без вода не можеме, нема живот без вода, тука нешто не е во ред. Баравме но се уште нема, велат ќе се направи но се уште не е ништо направено, многу лошо.“, рече жител на Кондово.

ТВ21 побара одговор и од Општина Сарај од каде велат дека се запознаени со случајот и очекуваат Водовод и Канализација да го санира овој проблем. Од јавното претпријатие велат дека во овој дел од село Кондово има многу нелегални приклучоци и се троши вода неконтролирано, а ветуваат дека ќе излезат на терен за да видат кои жители се приклучени нелегално без да се пријават. Тоа како што велат влијае на намалувањето на притисокот  на водата.