Дедо и внук физички се пресметале во село Сирково

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дедо и внук од Тиквешко синоќа физички се пресметале, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Околу 20.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Сирково, Росоман, по вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 59-годишник и неговиот 30-годишен внук, појасни Додевски.

Додаде дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.