Дебар остана без епидемиолог, градоначалникот Дука бара итно да се зголеми медицинскиот персонал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако единствениот епидемиолог и техничарот од работната едница на Центарот за јавно здравје се тестираат за заразеност од коронавирус, Дебар а со тоа и Центар Жупа останаа без епидемиолог, констатрано е на денешната средба на дебарскиот оперативен штаб со кој раководи градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

„Состојбата кај нас е алармантна. Не се знае уште колку се заразени или се потенцијални болни. Сега кога останавме без епидемиолот, кого можеме да го прогласиме за херој, бидејќи неуморно во изминатите денови, заедно со техничарот работеа без одмор, најитно ни е потребено засилување со медицински персонал, посебно од епидемилошката струка, изјави за МИА, градоначалникот Дука.

Упатува апел до централната власт, зголемувањето на медицинскиот персонал да биде под итно за да не биде предоцна.

Дообјаснува дека ангажрани се двајца инфектолози, но според него тоа не е идентично со епдемиолог.

Градоначалникот Дука вели дека се продолжува со дезинфекција на јавните површини, објекти, но и тука потребни се дополнителни средства бидејќи резервите се при крај.

Дебарчани во меѓувреме се навикнуваат на новосоздадената состојба со строго почитување на препораките.

Морална поддршка добиваат од медицнските работници, како што е онаа на познатиот педијатар Арбен Аголи и медицинските сестри кои постираа фотографија на фејсбук и порачуваат „Ние сме на работа, вие седете дома“, што доби позитивни реакции.

ПОВРЗАНА ВЕСТ: