Дали затвореникот починал од Ковид-19? – Ниту еден што бил во контакт со него нема коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Притвореникот кој почина пред три недели во скопскиот истражен затвор „Шутка“ починал од срцев удар. Сепак, тој е евидентиран како починат од коронавирусот во статистиката на Министерството за здравство. Адвокат Асмир Алиспахиќ кој е бранител во случајот, прашува како е можно само тој да е заразен од коронавирус, а ниту еден друг затвореник или полицаец кој бил во контакт со со него, не е заразен. Нема заразени и од неговото семејство.

„Таму му беше направен посмортен тест и беше констатирано дека е пронајден ковид-19. Се поставуваат две прашања, како може во една затворена институција да влезе ковид-19?, и второ дали е навремено или ненавремено интервенирано околу преземањето на лекувањето во делот на превенцијата околу ковид-19“, истакна Асмир Алиспахиќ.

Заменик директорот на Шутка, Садуш Арифи вели дека во зартворот во „Шутка“ направени се над 150 тестови за коронавирус, но ниту еден не бил позитивен.

„Не можам да дадам одговор за тоа, интересно e тоа каде и како тој се заразил. Но, ќе почекаме и ќе видиме како ќе одат работите во иднина. Ние го зголемивме нивото на медицински персонал и направивме истражување. Направивме дополнителни проверки. Имаме двајца доктори секој ден и двајца асистенти од јавно здравје“, вели Садуш Арифи.

И министерот Венко Филипче во неговата изјава тврди дека починал од срцев удар, но дека по смрта бил тестиран, а тестот се покажал позитивен. Според информациите на ТВ21, на затвореникот му биле направени три деста, од кои два биле негативни, а последниот позитивен.

„Има еден притвореник во затворот во Шутка што починал практично од срцев удар. Немал симптоми, немал висока температура. Таму е примен на осми минатиот месец. Меѓутоа на обдукција после земениот брис резултирал позитивен на вирусот“, посочи Венко Филипче.

Иако во документот од обдукцијата стои дека затвореникот починал од срцев удар, починатиот е регистиран во листата на починати со Ковид 19. Заменик Директорот Арифи вели дека доколку семејството има сомнежи со случајот требада се обрати до нивната установа затоа што тие ги направиле сите можни испитувања.