Дали СЈО ќе ја зачува својата независност ќе одлучи новиот закон

СЈО да ја зачува својата независност и да не се споредува на ист ранг со Обвинителството за организиран криминал, истакна министерката за правда Дескоска на денешниот брифинг со новинарите.

– Сметам дека  политичките партии треба да дадат поддршка за одржување на капацитетот на СЈО и на неговите надлежности, со оглед дека во изминатиов период е вложено во тренинзи и едукација во ова Обвинителство, изјави Дескоска  но не откри кои се партиите кои го блокираат новиот закон за СЈО, односно прашањата околу кои ќе треба да се постигне компромис за да има законско решение кое ќе го поддржи двотретинско мнозинство во Парламентот.

Се очекува дека ВМРО-ДПМНЕ секако нема да го гласа новиот закон, за кој е потребно двотретинско мнозинство, а со оглед на тоа што СЈО има отворено истраги и за членови на други партии уште не може да се знае засега новото законско решение на СЈО, наскоро треба да биде донесено.

Дескоска појасни дека на ЕНЕР се објавени верзии изработени од работните групи во делот на надлежноста на СЈО, околу тоа дали ќе се врзе нивната надлежност само за носители на јавни функции. Според неа, за оние постапки што се во фаза на обвинение нема дилема дека треба да продолжат во рамки на СЈО.