Дали промената на времето навистина влијае на болките во коските?

Дали сте и вие особа која може да предвидат дожд или снег на основа на болките во коските? За многумина болките во коските и мускулите се знак за промена на времето, но главниот виновник не се температурите, туку атмосферскиот притисок.

Неодамнешното истражување на универзитетот „Харвард“, покажа дека намалувањето на воздушниот притисок предизвикува ткивото во зглобовите да се прошири, и поради тоа доаѓа до оток во зглобовите и болки во нив.

Неколку совети како да се изборите со болките во коските во текот на зимскиот период:

  1. Физичка активност – И покрај тоа што некои луѓе губат желба за вежбање во зимскиот период, сепак, помалку физичка активност може да предизвика болки во зглобовите. Затоа е потребно и во зима што повеќе да се движите. Освен тоа можете да вежбате дома или во вежбалница.
  2. Пијте течности – Помалото конзумирање на течности го успорува метаболизмот. Дехидратацијата предизвикува болки и вкочаеност на телото.
  3. Облечете се соодветно – Најдобриот лек за злобовите и мускулите е нивно загревање, и затоа во текот на зимата водете сметка да сте добро облечени, за ладниот воздух да не дојде до вашите зглобови.