Дали граѓаните им веруваат на политичарите?

И на овие локални избори, освен реторика на меѓусебно обвинување помеѓу кандидатите, преовладуваат и  ветувањата од кои ќе тече мед и млеко по локалните самоуправи.

Сентиментални говори, посебна блискост со мештаните во предизборието, сочувствување со оние на кои им е најтешко, политичарите не бираат средства и начини како да се стигне до гласот на граѓаните.

Но, дали граѓаните им веруваат на политичарите ? Ги следат ли со внимание нивните говори и знаат ли што ветиле а што исполниле.

Невладиниот сектор пак, изработи брошура која има за цел да ги предупреди граѓаните да не веруваат во се што ќе слушнат на митинзите во оваа предизборна кампања.

Во брошурата се наведени трикови со кои се служат политичарите за полесна манипулација на граѓаните и добивање на нивната доверба, вели Александар Цветановски од АГТИС.

„Триковите се препознаени од граѓаните, веќе граѓаните не се на тоа ниво како порано и на кое политичарите ги мислат. Со подигањето на тоа ниво тие ќе мора да најдат нови трикови. Знаете, тие се политичари и постојано ќе бараат нови трикови, но, ние секогаш може да исштампаме нова брошура“, вели Цветановски.

Оваа брошура која има едукативен карактер, невладината организација освен во главниот град, до крајот на кампањата ќе ја дели  во 15 градови и 30 поголеми села низ земјава. Според авторите, ова е една опомена до политичарите дека граѓаните во земјава заслужуваат подостоен третман од нивна страна.

А активистите на невладината АГТИС изведоа и еден перформанс со содржина поврзана со предизборните ветувања, нешто слично како: „операцијата успешна пациентот мртов”.

Иле Петревски

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here