Далеку од игрите на среќа, блиску до семејствата – луѓето по изолацијата помалку ќе одат во обложувалниците и казината

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изолацијата заради спречување на ширењето на вирусот ги затвори и објектите за игри на среќа.

„Поради одлуката на Владата донесена на 15 март оваа година, затворени ќе бидат и објектите за игри на среќа. Оваа одлука освен што доведе до затворање на овие објекти, ќе влијае и на елиминирање на некои навики на граѓаните. Социолозите велат дека и по надминување на овој период, граѓаните помалку ќе ги посетуваат објектите за игри на среќа“, вели репортерката на ТВ21.

Според социологот Али Пајазити затворањето на овие објекти ги сменило навиките на лушето кои биле зависни од игрите на среќа.

„Коронавирусот или Ковид-19 меѓу другото доведе до промена на навиките на луѓето, односно кај популацијата која беше зависна од игрите а среќа, од секојдневниот курс на одење и доаѓање од овие објекти, кои јас ги нарекувам убиствени куќи кои манипулираат и со економијата, со чувствата на младите и цело поколение на нашата популација“, истакна Али Пајазити.

Пајазити вели дека уште полошо е за тие кои мислат дека навистина таму можат да освојат пари, бидејќи сега им е “убиена“ и таа надеж.

„Им донесе неволји на овие граѓани од една страна, а од друга страна е и економската криза која не погоди сите. Ова кај нив создава хаотично чувство или патологија. Бидејќи сите нивни соништа исчезнаа и се урнаа кулите изградени од песок, бидејќи овие објекти за нив играа улога на храмови“, додава Пајазити.

Доколку состојбата на изолација продолжи и натаму, социологот смета дека ова може да има ефект негативен бидејќи немањето работно место и приходи,  на граѓаните ќе им ја врати надежта за “заработка на брзи пари“. За тоа кога ќе се отворат овие објекти, ќе се дознае од новата одлуката на Владата. Но нивното затворање беше тема на дискусија и пред појавата на корона вирусот. Во Собрание беше доставен закон за нивно оддалечување од населените места и училиштата, но истиот не се усвои. Просечно, во годината од овие објекти се обезбедуваат над 250 милиони евра приходи, од 23 претпријатија кои се бават со оваа дејност, кои имаат над 7 илјади вработени.