Чулев со реакција: На Владата не ѝ е грижа за полицајците, кратењето на буџетот во МВР беше на барање на Министерството за финансии

НАШ ПРЕДЛОГ

Бузаку со скандалозни документи: ИВЗ исплатила 20.000 евра на синот на сега разрешениот поглавар Реџепи

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вчера гостуваше Скендер Буџаку кој за себе рече дека е...

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост...

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично...

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагира на изјавата на Нина Ангеловска, која денеска рече дека предлогот за кратење на буџетот во МВР е доставен токму од Чулев.

„Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски.

Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава.

Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува.

А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи.

Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот.“, вели Чулев.

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ФОТО: По укинувањето на полицискиот час, градскиот парк во Скопје е преполн

Од денеска нема повеќе полициски час во нашата земја. И во првиот дел од укинувањето, веднаш раздвиженост меѓу граѓаните.

Владината одлука за враќање на работа од 1.јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои...

Вонредната состојба ќе се продолжи? Спасовски не ја промени уредбата, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со бојкот на изборите

Со завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат сите изборни активности, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој ја отфрли можноста за одложување на изборите...

Разрешен поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи – Бузаку: Сценарио диригирано од Реџепи

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи е разрешен од неговата функција. Оваа одлука е донесена со 2/3 од гласовите на вонредната седница на...
- Advertisement -

НА ИСТА ТЕМА

- Advertisement -