Човечки фактор причина за пожарот кај депонијата „Мелци“ во Кавадарци

НАШ ПРЕДЛОГ

Хрватски епидемиолог за употреба на руската вакцина во Хрватска: Ни случајно!

Дијана Мајер, епидемиолог во Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ) и водител на Одделот за следење и...

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Од човечки фактор намерно рано утринава беше запалена градската депонија „Мелци“, информираа попладнево од кавадаречки „Комуналец”.

- Реклама -

– Во 4 часот изутрина беше повикана Противпожарната единица и пристапено кон гасење на пожарот. Веднаш се испратени уште три цистерни од „Комуналец” и уште едно противпожарно возило.
До 10 часот беше изгаснат пожарот.  Во 11 часот се пристапи кон сипање со земја за спречување на чадот. Сипењето е извршено и сеуште се врши со 10 камиони и градежни машини од „Комуналец” и локална градежна оператива на приватни фирми од градот, информираат од претпријатието.

- Реклама -

Оттаму додаваат дека досега се ставени околу 1.000 кубни метри земја и до околу 20 часот ќе се заврши со оваа постапка и целосно ќе биде локализиран пожарот на депонијата.

- Реклама -

– Депонијата беше запалена од долниот дел кој е со длабочина од 30 метри и е непристапен за градежна оператива. Сепак, со напори на вработените во „Комуналец” и пожарникарите, пожарот беше изгаснат.
Апелираме на свесност во иднина, да не се прават вакви злодела и работи кои не доликуваат на времето во кое живееме. Апелираме и до граѓаните, запаливи материјали да не фрлаат во контејнерите затоа што штетите можат да бидат големи како по возниот парк на „Комуналец”,  така и по здравата животна средина, нагласуваат од јавното претпријатие.

Се надеваат дека сторителите ќе бидат најдени и казнети во најкус можен рок. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи истовар на комунален смет и...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...